77
МВР информира дека вчера попладне околу 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Попова Шапка, патничко моторно возило „рено меган” со австриски национални ознаки, управувано од Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот.
Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.