Австралиските власти поништија и трета виза на тенисер

by Fokus

Австралиската гранична полиција (АБФ) денеска потврди дека поништи виза на уште двајца тенисери или тенисерки кои ја добиле со медицинско изземање, од кои едната е на Рената Ворачова.

Тие во хотелот за мигранти во Мелбурн му се придружија на Новак Ѓоковиќ, чија виза беше укината пред два дена, но поради вложената жалба до федералниот суд, ќе остане во Австралија до понеделник и тогаш ќе ја дознае судбината, дали ќе биде протеран од земјата или ќе ја брани титулата на гран слем турнирот во Мелбурн. Засега не е познат идентитетот на третото лице на кого му е поништена визата.

– АБФ може да потврди дека е завршена истрагата за уште две лица кои добиле виза за медицинско изземање од ваквинација. АБФ може да потврди дека едно од лицата се одлучи да ја напуштио Австралија. Исто така може да потврдиме дека третото лице е однесено во миграциски хотел – изјави портпаролот на АБФ за британската новинска агенција Прес Асосиејшн (ПА).

Чешката тенисерка Рената Ворачова која на Австралија Опен требаше да настапи во игра на двојки, одлучи да се откаже од жалба и да се врати во татковината.
Дури 26 тенисери и тенисерки аплицирале за медицинско изземање од вакцинација, но австралиските власти засега не откриваат на колку им е одобрена виза за влез во земјата. По скандалот со Новак Ѓоковиќ, власите одлучија да ги прегледаат сите претходно одобрени визи и денеска донесоа одлука да поништат две од нив.

 

Поврзани новости