Австралиската влада не успеа да го одложи рочиштето за Ѓоковиќ

by fokus

Австралиската влада поднела барање за одложување на рочиштетото за сослушување на Новак Ѓоковиќ во случајот со одбивањето виза, но Судот тоа го одбил, пренесоа австралиските медиуми.

„Хералд сан“ објави министерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјус го поднела барањето во саботата во доцните попладневни часови по локално време, а со цел да има повеќе време да се подготви за сослушувањето.

Таа побарала рочиштето наместо за понеделник да се одложи за среда (пет дена до почетокот на Австралија опен), но на тоа барање се пожалиле адвокатите на Ѓоковиќ, по што Судот не го прифатил барањето за одложување.

 

 

 

Поврзани новости