796
Австралиската министерка за внатрешни работи Карен Ендрјус изјави дека Новак Ѓоковиќ може да ја напушти Австралија кога сака.
Таа додаде дека австралиските служби ги проверуваат случаите на други тенисери кои биле пуштени во земјава врз основа на слични ослободувања од обврската за вакцинација како Ѓоковиќ.
Најдобриот тенисер во светот е во притвор за имигранти до понеделник, кога судот треба да се изјасни по неговата жалба на одлуката на сојузната влада да му ја укине визата.
Доколку одлуката биде потврдена, 33-годишниот тенисер ќе биде депортиран од Австралија.