Австралијанците на референдум одлучно го отфрлија предлогот за признавање на абориџинското население во уставот, што е нов чекор наназад во помирувањето на земјата со домородното население, јавија светските медиуми.
Австралијците беа прашани дали се согласуваат со предлогот што ќе ги признае народите на Абориџините, преку создавање на домородно советодавно тело во парламентот наречено „Гласот на Парламентот“.
-Јас сум уништен – изјави водачот на Абориџините Томас Мајо за Еј-Би-Си њуз.
Абориџинското население на Австралија денес сочинува 3,8 отсто од вкупното население од 26 милиони. Тие живеат на австралискиот континент речиси 60.000 години, но не се споменати во уставот и гледајќи ги социјалните и економските фактори, тие се најранливата група во земјата.