585
Австралија денеска воведе ограничувања за лицата кои живеат во девет јужноафрикански земји поради загриженоста од новиот вид на коронавирус „омикрон”, при што владата бара 14-дневен карантин за австралиските граѓани кои се враќаат од тиие земји, изјави министерот за здравство Грег Хант.
Земјите кои подлежат на ограничувањата се Јужна Африка, Намибија, Зимбабве, Боцвана, Лесото, Есватини, Сејшели, Малави и Мозамбик.
-Секое лице кое не е австралиски државјанин или лице издржувано од него, а било во африканските земји каде што е откриен сојот „омикрон” и раширен во последните 14 дена, нема да може да влезе во Австралија, објасни Хант