Австралија остана без министер за надворешни работи

by fokus

Австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп поднесе оставка по внатрепартиското гласање за нов премиер на земјата.

– Го известив денеска премиерот дека поднесувам оставка како министер за надворешни работи, истакна Бишоп.

Таа ја извршуваше оваа функција од 2013 година. Бишоп ќе остане пратеничка во Парламентот на Австралија.

Таа беше една од фаворитите за наследник на премиерот Малколм Турнбул, од кого владејачката Либерална партија се „откажа“ на гласањето во петокот. За негов наследник е избран министерот за финансии Скот Морисон.

Поврзани новости