587
Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека отворањето на границите на земјата за странски туристи не е далеку и дека Парламентот ќе расправа за ова прашање следната недела.
Државата ги затвори границите за оние кои пристигнуваат од странство во март 2020 година.
Во последниве месеци делумно ги отвори за своите граѓани и постојани жители, квалификуваните мигранти, странските студенти и некои сезонски работници.
Во јануари оваа година Морисон изрази надеж дека границите може целосно да бидат отворени до Велигден.