Австралискиот премиер на францускиот државјанин, кој го запре напаѓачот на ескалатор во трговскиот центар во Сиднеј, му понуди можност да остане во Австралија колку што сака, па дури и да стане нејзин државјанин, пишува Гардијан.
Францускиот градежен работник Демиен Геро е наречен „човек-бариер“ откако безбедносните камери го снимија моментот кога се соочи со Џоел Каучи на ескалаторот на трговскиот центар, каде Каучи избоде шест лица пред да биде застрелан од полицијата.
Ентони Албанес му се заблагодари на човекот за неговата „извонредна храброст“ и понуди да ги реши неговите проблеми со визите откако се покажа дека неговата виза истекува во јули.
„Добредојдени сте овде, добредојдени сте да останете колку што сакате“, рече Албанезе, а потоа додаде: „Ова е некој што со задоволство би го пречекале како австралиски државјанин, иако секако би било штета за Франција“.
Тој рече дека неговиот чин доволно зборува за „природата на човештвото“.
„Во време кога се соочуваме со тешки прашања, некој кој не е државјанин на оваа земја храбро да застане на врвот на ескалаторите и да го спречи тој сторител да се качи на вториот кат и потенцијално да им нанесе дополнителна штета на граѓаните, многу зборува за природата на човештвото“ порача Албанес.