Австралија и Нов Зеланд конечно ги укинуваат меѓусебните ограничувања

by Fokus

Нов Зеланд објави дека од 19 април ќе може да се патува во Австралија без карантин.

Укинувањето на ограничувањата за патниците кои отвораат таканаречен балон за патници меѓу двете соседни земји е олеснување за семејствата кои веќе подолго време се разделени како резултат на пандемијата, но и за туристичкиот сектор.

Двете земји успешно се меѓу најуспешните држави кои го запреа ширењето на вирусот.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден изјави дека здравствените власти веруваат дека ризикот од пренесување на вирусот од Австралија е мал и патувањето сега е безбедно.

-Балонот за патници ќе ја обнови нашата економија и ќе му претстави на светот начин за безбедно отворање на меѓународните аеродроми, истовремено продолжувајќи со спроведување на стратегијата за справување со вирусот, рече Арден.

Австралија претходно им дозволуваше на жителите на Нов Зеланд да влезат во земјата без карантин, но Нов Зеланд имаше повнимателен пристап и за патниците од Австралија беше задолжителен 14-дневен карантин.

Поврзани новости