322
Австралија денеска ја поништи одлуката на претходната влада, со која беше признат западниот Ерусалим како главен израелски град, наведувајќи дека статусот на градот треба да се реши низ мировни преговори меѓу Израел и палестинскиот народ.
Како што изјави министерката за надворешни работи Пени Вонг, Австралија „секогаш ќе биде цврст пријател на Израел“. Посветена е на решение за две држави, каде Израел и идната палестинска држава коегзистираат во мир во меѓународно признатите граници.
Владата повторно ја обврзува Австралија на „меѓународни напори во одговорната потрага за напредок кон праведно и трајно решение со две држави“, подвлече министерката.