Австралиецот Ник Кирјос се повлече од Вимблдон поради повреда

by Fokus

Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос го откажа настапот на Вимблдон, поради повреда. Тој претходната сезона играше во финалето на овој тениски турнир , каде се сретна со Новак Ѓоковиќ. повлекувањето од натпреварите е поради повредата, од која закрепнува цела сезона.

Кирјос по операцијата на левото колено во јануари годинава настапи на само еден натпревар на кој претходниот месец триумфираше против Кинезот Ју Јибинг во Штутгарт. Покрај очекувањата за настап на грен-слемот во Велика Британија тој вели дека има дополнителен здравствен проблем.

„Тажен сум, но морам да се повлечам од Вимблдон оваа година. Во процесот на рехабилитација почуствував болка во зглобот додека бев во Мајорка и од претпазливост направив скен на кој се покажа кинење на лигаментот на зглобот. Пробав да направам се за да настапам на Вимблдон, но немав доволно време. Ќе се вратам посилен, и како секогаш им благодарам на фановите за поддршката“, стои во објавата на Кирјос.

Поврзани новости