„Статутот како највисок акт во самата партија мора да се почитува. Пред секои избори членството кое е ажурирано мора активно да се регистрира за да може да влезе во избирачкиот список. На секого е волја дали на тие избори ќе гласа или не. Во моментот е помал бројот на активно регистрирано членство затоа што сите гледаме дека дел од нашето членство се одлеа кај одредена група на новоформирана партија, имаме членови кои биле разочарани, меѓутоа тоа не значи дека тие повторно нема да се вратат. Ќе дојде период кога ќе сфатат дека правите социјалдемократски политики и демократијата, сите оние вредности за коишто влегле и се залагале во самата партија ќе продолжат да се негуваат и да се вреднуваат и ќе можат да останат дел од СДСМ“, рече Викторија Аврамовска Мадиќ претседателка на изборна комисија за избор на претседател на СДСМ во интервју на Слободен печат.
Таа додаде дека претседателот на партијата побарал да се свика отчетен Конгрес за неговото претходно работење.
„Конгресот е отчетен, каде што во статутот во рок од два месеци, претседателот на партијата бара да се свика отчетен Конгрес за неговото претходно работење и тоа се спроведува после секои парламентарни избори. Тој Конгрес затоа беше свикан, претседателот исто така побара да се свика во период од два месеци за да може да го фатиме тој период пред 10-15 јули пред годишните одмори. Раководството си даде оставки, целиот извршен беше во оставка, меѓутоа има процедури која оставка кои органи ја прифаќаат. Статутот дава опција да ја вршат функцијата до моментот на избор на новите органи“, посочи Аврамовска Мадиќ