АВМУ: Осуда за нападот на новинарската екипа на Ал Џазира

by Fokus

Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги (АВМУ) го осуди нападот на новинарската екипа на Ал Џазира на вчерашниот протест во Скопје.

Ваквите појави, потсетуваaт денеска во соопштение АВМУ, претставуваат загрозување на слободата на изразување и на правото на информирање на јавноста.

-На медиумите треба да им се обезбедат услови за професионално работење и медиумските работници во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на своите работни задачи, порача АВМУ.

Претходно, нападот на екипата на Ал Џазира го осудија и Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиуми.

Поврзани новости