АВМУ: Генералниот секретар на Град Скопје е непрофесионален кон медиумите

by fokus

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реагира на непрофесионалниот однос на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров, кој за време на прес конференција одби да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски.

-Претставниците на институциите треба да вложат максимални напори да им обезбедат информации на медиумските работници, особено при известување за теми кои се во фокусот на интерес на јавноста. Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи, порачаа од АВМУ.

Поврзани новости