Авицена ќе прави бесплатни анализи на крв за деца, членови на Проект Среќа

by fokus

Кристина Арнаудова, претседателка на Проект Среќа, потпиша меморандум за соработка со лабораторијата Avicena Laboratorija.

-Оваа соработка значи дека, кога дете кое е наш член ќе има потреба од крвни анализи а ќе нема средства за тоа да го покрие, Авицена ќе ги направи анализите бесплатно. Многу сме среќни и горди на оваа соработка, бидејќи со тоа ги прошируваме услугите кои значително го подобруваат квалитетот на живеење на децата во социјален ризик кои се наши членови. Авицена и Проект Среќа се грижат и ги сакаат децата!, велат од организацијата.

Поврзани новости