Авиосообраќајот ќе се одвива нормално, контролорите на летање го одложија штрајкот

by Fokus

Контролорите на летање нема да го одржат најавениот шестчасовен штрајк и авиосообраќајот ќе се одвива нормално, информираа вечерва од Министерството за транспорт и врски (МТВ).

Одложувањето на штрајкот значи дека утре ќе нема прекини на летовите на аеродромите во Скопје и Охрид, ниту пак редуцирање на опслужувањето на прелетите.

Одложувањето на штрајкот доаѓа по средбата на Струковиот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) со ресорното министерство и со Македонска навигација М-НАВ на која е постигнат договор за согласност за решавање на барањата кои беа отворени од страна на Синдикатот и за надминување на истите.

„Го поздравуваме потпишувањето на колективниот договор и одлуката за ангажирање на консултантска фирма која професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости