Авионско прскање против комарци во Скопје во четврток и петок

by Fokus

Градот Скопје информира дека во четврток и петок ќе врши авионско праскање против комарци.

„Ги известуваме граѓаните дека на 27 и на  28 јули, четврток и петок,  во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје“, соопшти Град Скопје.

Oд таму информираат дека доколки временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.

„Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, соопшти Град Скопје.

Поврзани новости