Авионската несреќа во Кореја ја преживеаја две лица – маж и жена

by Fokus

Авионската несреќа во Јужна Кореја ја преживеале две лица, соопштија официјални лица.

Според информациите, од запалените остатоци од авионот пожарникарите извлекле двајца тајландски државјани. Се работи за маж и жена, кои биле со тешки повреди.

Се претпоставува дека повеќето од преостанатите патници и членови на екипажот се мртви, јавува „Си-ен-ен“.

Меѓу загинатите, 54 се мажи, а 57 се жени, додека полот на 11 лица останува неутврден, велат властите.

Бројот на преживеани останува на двајца – и двајцата членови на екипажот, еден маж и една жена – според тимот на противпожарната служба на лице место.

Авионот „Боинг“ на „Џеџу Ер“ превезувал 181 патник и членови на екипажот кога се урна во неделата наутро.

Поврзани новости