88
Државјанин на Турција (59) починал на лет од Германија, поради што авионот изутрината околу 4 часот и 40 минути принудно слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, информираат од итната помош.
Како што навеле во таа служба, на турскиот државјанин му се слошило за време на летот, па авионот принудно слетал на белградскиот аеродром, но кога пристигнала итната екипа можеле само да констатираат смрт.