Мал авион принудно слета на автопатот кај Брежје во правец кон Јесенице во Словенија, јавува N1.
Според полицијата во Крањ, во авионот имало две лица кои не се повредени. Оттаму додаваат дека делот од патот каде што се случило принудното слетување е обезбеден.
Како што соопштија од Словенечката служба за безбедност и спасување, околу 14 часот и 30 минути добиле дојава дека авионот принудно слетал на автопатот. Според извештаите, авионот удрил во банкина при слетувањето и се превртел.
Луѓето во авионот успеале сами да излезат.
На местото на настанот се пожарникари од Крање и Јесеница, како и членови на доброволната противпожарна служба од Радовљица.
Според аеродромот Леска, авионот полетал од нивната писта и сѐ било во ред додека не ја изгубиле комуникацијата со него. За време на летот, пилотот се поврзал со фреквенцијата на словенечката служба за контрола на летање.
Според информациите до кои дошле во N1 Словенија, авионот имал проблеми со моторот. Пилотот пријавил дека принудно слетал и тоа го направил на автопат.
Понатамошната истрага ќе утврди дополнителни детали во врска со инцидентот.
Засега е познато дека авионот летал на околу 300 метри надморска височина, во регион кој не бил контролиран од словенечката контрола на летање и каде претежно летаат спортски авиони.
Сообраќајот на овој дел од автопатот се одвива по една коловозна лента, а метежот е во правец на Јесенице.