571
Временските зони веројатно ги збунија патниците на летот што патуваше од Сеул, Јужна Кореја до Сан Франциско, САД на Нова година, бидејќи од 2023 година се враќаше во 2022 година.
Авионот полетал од Сеул 35 минути по полноќ, а во Сан Франциско треба да слета во 17 часот и 14 минути.
Временската разлика помеѓу овие два града е дури 17 часа, иако самиот лет трае околу 9 часа.
Следбениците на Flightradar24 кои го објавија ова на Фејсбук се воодушевени, а некои раскажуваат во какви ситуации се нашле.
-Еднаш патував од Сиднеј до Хонолулу со лет од 10 часа. Авионот полетал во 18 часот во сабота и пристигнал во Хонолулу во 7 часот наутро, исто така во сабота! Уживав во две саботи, но дури и џет-лагот беше збунувачки – вели еден корисник.