Авион на воздухопловната компанија „Ryanair“ кој во петокот полетал од Лондон кон канарскиот остров Ланзароте, морал да слета во Португалија откако се степале седум патници, извести таблоидот Daily Mail.
Наименуван очевидец рекол за весникот дека сите учесници во инцидентот биле Британци, а извор од португалската полиција изјавил дека едно лице е уапсено.
Локалниот весник La Voz de Lanzarote, повикувајќи се на изјави на сведоци, наведува дека „група мажи пиела и малтретирала некои од патниците“.
Авионот полетал од аеродромот Лутон во 8,15 часот утрото и требало да слета во 12,15 часот на Ланзароте, шпанскиот остров на северозападот од Африка. Меѓутоа, пренасoчен бил кон аеродромот Фаро, на југот на Португалија, каде што слетал во 10,50 часот по локално време.
На својата интернет страница Daily Mail објави видео на коешто се гледа како четворица полицајци во униформи со присила изведуваат надвор маж кој дава отпор. Некои од патнците го снимаат инцидентот, а некои му посакуваат „довидување“.
Минатиот месец уште три авиона од Обединетото Кралство принудно слетаа во Фаро.