Авион на „Визер“ кој летал до Охрид, принудно слетал во Венеција

by Fokus

Авион на „Визер“ со број W67778, кој летал од Дортмунд кон Охрид, ја сменил насоката на небото над Хрватска и принудно слетал во Венеција, јавува сервисот за набљудување на летови во живо „Flightradar“. Пилотот до контролорите на летот го испратил кодот „Squawk 7700“, што укажува на итни случаи, но засега не е познато што точно се случило, пишува хрватски „Дневник“.

Од „Визер“ нема објаснување, а на Твитер сепак е објавено дека авионот успешно слетал во Италија.

 

Поврзани новости