3
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Авганистан, и А.К.(23) од Пакистан, двајцата со престој во Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 22.11.2024, пријавените во својство на водичи, од територијата на Република Грција прифатиле две групи од вкупно 11 лица мигранти и илегално и пеш ги префрлиле во с.Богородица, гевгелиско.
Од судија на претходна постапка, на пријавените им била изречена мерка притвар во траење од 30 дена.