АУЕ -ФОН ЈА ПРОШИРУВА СОРАБОТКАТА СО ЕВРОПСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ, ВО ФОКУСОТ Е ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА И ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ

by fokus

Дигитална трансформација, соработка со европските универзитети, иновативни проекти, соработка со бизнис секторот, размена на студенти и наставен кадар. Ова се само дел од активностите кои што ги договорија претставниците од АУЕ – ФОН во рамките на дводневната посета на Брисел, која што се реализираше во соработка и голема поддршка на нашиот почесен доктор на науки господинот Илхан Ќучук лидер на АЛДЕ, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија.

 

Официјалната посета на Брисел ја предводеше ректорката на АУЕ- ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска, заменик – директорката проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски, како и ко-основачот на универзитетот, м-р Сефер Цаноски коишто остварија средби со повеќе важни личности и институции, со цел да се продлабочи соработката на нашата високообразовна институција со институциите и универзитетите од Европската Унија.

 

Во рамките на посетата, претставниците на АУЕ – ФОН се сретнаа со Марија Габриел, еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади, со Валери Глатињи, франкофонски министер за високо образование, потоа со Паола Отонело, службеник за меѓународна соработка, генерален директорат за образование и култура, како и со Ен Вејмберг заменик-ректор и г-дин Ивон Молинген, офицер за европски и американски односи на Универзитетот „Либер де Брисел“.

Ректорот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска на средбите со претставниците во Брисел истакна дека нашиот универзитет како приватна високообразовна институција со речиси две децениска традиција, со својот

потенцијал и искуство останува отворен да соработува и да разменува искуства со познати универзитети во рамките на Европската унија. Во таа насока, на средбите беше потвредено дека проширувањето и интензивирањето на соработката на АУЕ – ФОН со универзитетите од земјите членки на Европската Унија, отвора нови перспективи за студентите и наставниот кадар, за професионален и кариерен развој во Европа и пошироко.

Претставниците од АУЕ – ФОН во рамите на официјалната посета на Брисел ја потврдија заложбата дека универзитетот ќе продолжи да ги следи европските и светски трендови кои подразбираат отвореност во комуникацијата, создавање простор за меѓународна мобилност на студентите, мобилност на наставничкиот и соработничкиот кадар преку размена во рамките на високообразовните институции, размена на студиски програми, како и учество во меѓународни проекти.

ПР текст

Поврзани новости