Аудио снимка и СМС пораки за местењето на Бошкоски се предадени на Јанева

by Фокус

Адвокатот на Љубе Бошкоски, Константин Кратовалиев, во понеделникот и ги предал на специјалната обвинителка Катица Јанева материјалите кои укажуваат дека судскиот процес „Ровер“ е мониран и Љубе Бошкоски е наместен.

-Материјалите се предадени во понеделникот, првиот работен ден по рочиштето за “Ровер“. Предадени се аудио запис и транскрипти од аудио записот и СМС пораки поврзани со предметот Ровер, изјави Кратовалиев за А1он.

Адвокатот не ја открива содржината на материјалите, но тврди дека е јасно како станува збор за нарачан судски процес. На последното рочиште за „Ровер“ тоа го изјави и Бошкоски, кој рече дека висок полициски функционер е одговорен за неговото местење.

Поврзани новости