Руската морнарица ги уби сите 13 украински војници на Змискиот остров, протече аудио комуникацијата.
Островчето се наоѓа во близина на границата меѓу Романија и Украина, а Русите го нападнаа во текот на попладневните часови.
Според аудиото како што и објави „Фокус“, додека Русите се приближувале до островот рускиот офицер вели:
-Ве повикувам од руски воен брод. Ви предлагам да го оставите оружјето и да се предадете за да избегнете крвопролевање и непотребни жртви. Ако не се согласите, ќе отвориме оган“.
На тоа еден украински војник му одговара: „Руски воен брод, е*ете се“.
-Сите бранители на Змискиот остров се бореа колку што можеа. Тие загинаа херојски. Сите ќе бидат постхумно одликувани. Засекогаш ќе се сеќаваме на сите оние кои ги дадоа своите животи за Украина“, рече Зеленски.