Аудио: Последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

by Fokus

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка и уште седум лица и контролата на летање. Од снимката може да се слушне дека пилотот бил предупреден дека лета прениско.

„Сè уште сте прениско за лет на вакво време“, му велат од контролата на летање на пилотот.

Во околината на Лос Анџелес, каде се случи несреќата, имало многу магла и повеќето хеликоптери тој ден биле приземјени.

Пилотот на хеликоптерот на Коби планирал да слета на аеродромот „Бурбанк“, но кружел 15-ина минути чекајќи дозвола за слетување поради лошите временски услови и другите летала кои требале да слетаат на аеродромот.

Малку пред несреќата пилотот го кренал хеликоптерот на висина од околу 600 метри, а потоа се урнал на висина од околу 500 метри.

Податоците за летот покажале дека хеликоптерот се движел со брзина од речиси 300 километри на час.

Извор за „Њујорк пост“ рекол дека вакви несреќи се случуваат затоа што пилотот губи чувство за простор. „Со оглед на остатоците од местото на несреќата, се чини дека се забиле во планина со предниот дел на хеликоптерот“, рекол изворот.

Додал дека хеликоптерот бил стар 20 години и дека станува збор за хеликоптер „Сикорски С-76“.

Хеликоптерот се урна вчера во 10 часот по локално време над ридскиот терен во Калабасас, Калифорнија.

Поврзани новости