(АУДИО) Нова „бомба“: Објавувачот вели дека се однесува на Заеви

by Fokus

Nа Јутјуб каналот насловен како „Вице Мафијашот“ се појави нова аудиоснимка со наслов „Вице даде зелено светло да запалам коли“. На неа се слуша разговор помеѓу двајца мажи.

На почетокот на видеото на Јутјуб, се наведува дека разговорот го водат Стојче Чифлигароски. Tој е претставен како „сопственик на СВ Инвест, фирма параван на семејството Заеви за тендерите во РЕК Битола“ и Горан Димовски Тушникот од Битола.

На снимката се слуша како лицето кое е претставено како Тушникот, бара од Чифлигароски да му пуштат пари за да може да работи и објаснува како дошло до ситуација да е „блокиран“.

Поврзани новости