747
Нова аудио снимка именувана како „Антонио во ново кривично дело сообраќајка“ е објавена на Ју Тјуб.
Во бомбата се слуша разговор меѓу кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Тие договараат да се преврти камион со песок во близина на Кичево, за да ги задржат патниците кои слетуваат од странство на охридскиот аеродром до седум часот, а Милошоски дополнително предложува патниците да се задржат и од страна на царинските службеници.