Ацевски: Сметам дека има време пред изборите да вработиме 30тина лица во Државниот завод за ревизија

by fokus

Новоизбраниот директор на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски во интервју на телевизија Телма рече дека институцијата има потреба од вработување на нов кадар, бидејќи од предвидените 145 вработени, сега има 90.

-Годишната програма требаше да биде до крајот на ноември, но таа се уште не е донесена. Но, верувам дека наредна недела ќе преземеме активни мерки за подготвување на програмата. Сите аспекти ќе ги погледнеме, но ќе ми дозволите да го повикам невладиниот сектор да поднесат предлози за кои сметаат дека треба да бидат предмет на ревизија, ќе ги разгледаме и ако ги исполнуваат критериумите ќе бидат вклучени во годишната програма. Сметам дека има време за вработување пред изборите. Имаме планирано 145 вработени, а во моментов имаме 90 вработени. Пред избори очекувам 25-30 вработувања, за да можеме да се справиме со работата, вели Ацевски.

Поврзани новости