По драмата која се случуваше поради грешка на менаџерскиот тим на српскиот турбо-фолкер Аца Лукас, кој на ист датум му закажал настап на две локации, и тоа во Македонска Каменица и Крива Паланка, решена е дилемата и се знае кои ќе бидат музичките гости на општинските манифестации.
Аца Лукас ќе настапи во Крива Паланка, во склоп на Јојфест, на 28-ми август, кој пак е во рамки на манифестацијата Кривопаланечко културно лето 2022. Настанот ќе се случува на градскиот плоштад.
Во Македонска Каменица пак, на 28-ми август наместо Лукас, концерт ќе одржи хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо.
-Еден од најпознатите хрватски изведувачи, текстописци, кантавтори и композитори, човек кој во богатата кариера соработува со сите популарни балкански музичари и е добитник на сите музички награди во регионот, доаѓа во Македонска Каменица.
Петар Грашо со комплетна екипа е подготвен за спектакуларно музичко доживување- информираа од општината.
Вики Клинчарова