Аца Лукас: Не би сакал моите деца да земаат наркотици

by Fokus

Аца Лукас ретко зборува за своите наследници, бидејќи тие не се дел од јавниот свет. Меѓутоа, во една емисија Лукас зборуваше за децата и посочи по кој пат не би сакал да тргнат неговите наследници.

„Не би сакал моите деца да земаат наркотици, само тоа. Ако сакаат, можат да се венчаат осум пати. Не знам што има лошо во тоа. Само да не се дрогираат. Многу е полошо да се омажиш еднаш и да останеш во тој лош брак до крајот на животот, отколку да се разведеш“, вели Аца Лукас за К1.

Поврзани новости