Аца Лукас ќе има специјална гостинка на скопскиот концерт: Таа ми е како брат!

by Fokus

Српската турбо фолк ѕвезда Аца Лукас ќе одржи предновогодишен концерт во Скопје, во Арена Борис Трајковски на 25-ти декември, и на истиот ќе има само една музичка гостинка. Станува збор за неговата колешка, фолк пејачката Мира Шкориќ, со која неодамна промовираа нов дует, песната ,,Крик”.

Нумерата е доста актуелна во регионот, а минатиот месец во гостување за српската телевизија Hype, двајцата порачаа дека се доживуваат како пријатели, а не како колеги, па затоа соработувале повеќе од 30 години.

– Имавме еден дует пред околу 30 години, песната ,,Врати нам се друже мој” во 1998 година, кога кариерите ни беа на почеток, ова е сега дует на средина на кариера. По околу 30 години, пак ќе снимиме заедничка песна. Мира никогаш не сум ја гледал како колешка, можеби затоа со неа секогаш соработувам, имаме заеднички настапи, се поддржуваме. Таа ми е како брат, како сестра, како сакате наречете го тоа пријателство.

На нашата таканаречена естрада има секакви ,,пријателства”, да те здоболи желудникот кога ќе ги слушнеш колегите што кажуваат едни за други, како се сакаат, а како се плукаат. Јас за среќа, не сум таков човек, поинаку сум растел, немав такво друштво, за среќа има и добри луѓе, иако генерално, не се многу, кажа Лукас и додаде дека во новиот дует со Мира и двајцата се пронашле и песната била навистина посебна.

Мира, која е присутна на естрадата од 1988 година пак, долги години се бореше за своето здравје, откако и беше дијагностициран канцер. Подоцна, раскажа дека додека одела да прима терапии, на семејството му кажувала дека оди на настапи, за да не ги загрижува.

За скопскиот концерт влезниците се продаваат по цена од 1.200 до 2.500 денари, а Лукас одржа пред концертни дружби со македонските новинари на кои истакна дека многу ја сака нашата земја и со задоволство гостува во Македонија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости