Популарниот турбо фолк пејач Аца Лукас доаѓа во Скопје и ги кани македонските новинари на дружба. Во негов стил, во поканата за коктел дружење со седмата сила, појаснето дека со чаша добар пијалок, тој ќе ги раскаже сите детали за неговиот филм ,,Стравично” кој премиерно ќе биде прикажан и кај нас.
Средбата на Лукас со нашите новинари ќе се случи на 25-ти ноември (понеделник), а пејачот ќе сподели и детали за неговиот предновогодишен концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 25-ти декември во Арена Борис Трајковски.
Инаку, филмот ,,Стравично” е втор дел од трилогијата ,,Кафеана на Балканот”, снимен според неговата автобиографска книга ,,Ова сум јас”.
Предновогодишниот концерт во Скопје пак, е најавен како најголема журка на Балканот. Лукас ќе го помине и Бадник работно во Македонија, и ќе настапи на Бадникова забава во локал во Тетово.
Вики Клинчарова