Атмосферската канализација не чини, во наредните денови ќе кажам како ќе го решиме проблемот, вели Арсовска

by Fokus

Градоначалничката Данела Арсовска вечерва на прес-конференција кажа дека екипите на Град Скопје, јавните претпријатија и Пожарната бригада соодветно реагирале по денешното невреме. Кризниот штаб бил свикан на терен, а главниот проблем за тоа што цело Скопје беше поплавено е атмосферската канализација која нејзините претходници не ја решиле соодветно.

„Најголемиот предизвик беше поради атмосферската канализација која е несоодветна за она што во моментов го имаме во Скопје. Наредните денови ќе излеземе со анализа на кој начин  ќе ги решиме овие предизвици. Има повеќе примери, дел од улиците се новоизградени и таму се појавуваат проблеми, а дел се реконструирани, но притоа не е направена реконструкција на атмосферската канализација“, рече Арсовска.

Поврзани новости