1.4K
После 15 години повторно е организирана нуркачка мисија до остатоците на бродот „Титаник“, кој е потонат пред 107 години.
Снимката која ја објави Би-Би-Си стана хит на интернетот, а многу фанови конечно добија прилика да ги видат остатоците на бродот кој полека исчезнуваат.
Кадата на капетанот потполно исчезнала порди корозија а најмногу оштетена е бочната страна на бродот каде се наоѓале офицерските кабини.
Сите снимки направени од нуркачите ќе бидат прикажани во документарен филм за легендарниот брод.