427
Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, застана зад солунскиот колега, Јанис Бутарис, кој доби жестоки критики од јавноста откако даде предлог за преименување на солунскиот аеродром кој сега го носи името „Македонија“.
Каманис го опиша Бутарис како вистински патриот.
„Патриотизам е да се служи во интерес на граѓаните со реализам. Јанис Бутарис е вистински патриот“, објави Каминис на Твитер.