446
Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај кај 53 годишник од градот поради струен удар. Човекот настрадал во својот дом додека поправал штекер.
-Вчера (7 ноември) во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на Интерно одделение во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 53-годишниот А.М., кој претходно доживеал струен удар додека поправал електричен штекер во неговиот дом на улица „Велешка“ во Тетово, информираат од СВР Тетово.
Извршен е увид, при што на телото на А.М. не биле констатирани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото му било предадено на семeјството