Aтентаторот на рускиот амбасадор во Анкара осумпати бил член на обезбедувањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган и тоа во периодот по обидот за воен удар на 15 јули, јавуваат турските медиуми.
-Алтинташ, кој е убиен по убиство на амбасадорот, бил дел од обезбедувањето на претседателот, веднаш зад телохранителите –пишува турскиот „Хуријет”.
Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, беше убиен во понеделникот вечерта од поранешниот турски полицаец, 22-годишниот Мевлут Мерт Алтинташ, кој пред злосторството извикал „Алах е голем“ и „Не заборавајте го Алепо, не заборавајте ја Сирија“.
Моментално во притвор се наоѓаат 13 лица, меѓу кои и членови на семејството на убиецот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ова претставува напад и за Турција и дека ваква „провокација” нема да ги наруши нивните односи со Русија.