1
Јурај Цинтула – атентаторот на претседателот на словачката влада Фицо е однесен од психијатриското одделение во затвор, пренесува „Словачки Актуалити“.
Нему му се заканува 25 години затвор или доживотен затвор.
Цинтула утрово беше префрлен од локалната болница во окружниот суд во Тренчин.
Опкружен со специјалци во тренерки и со врзани раце помина покрај новинарите.
По денешната судска одлука, атентаторот повеќе нема да биде затворен во психијатриско одделение, туку ќе биде префрлен во стандардна затворска установа, што тој самиот го побарал.
На 15 мај минатата година, Цинтула пукаше со пиштол во Фицо во градот Хандлова и тешко го рани словачкиот премиер, кој во меѓувреме се опорави.