Вооружениот напаѓач кој се обиде да го убие словачкиот премиер Роберт Фицо и притоа тешко го рани во нападот во средата можеби не дејствувал сам, изјави владин претставник.
-Има индиции дека човекот не дејствувал сам. Составивме истражен тим кој ќе работи и на верзијата дека не се работи за волк-самотник – изјави министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток во Братислава.
Една од индициите е дека содржината на Фејсбук страницата на напаѓачот била избришана додека тој бил во полициски притвор, бидејќи тој самиот немал пристап до страницата во тоа време.
Инаку, словачката полиција обвини маж идентификуван од обвинителството како Јурај Цинтула за обид за убиство.
Локалните медиуми објавија дека тој бил 71-годишен поранешен чувар кој работел во трговски центар и автор на три збирки поезија кој основал литературен клуб во своето мало место во близина на местото каде го изведе нападот.
Осомничениот за нападот на словачкиот премиер во саботата пред судот ја призна вината.