Атанас Кировски нов директор и главен уредник на „Телма“

by Фокус

Откако директорот и главен уредник на Телма, Ристо Лазаров замина во пензија газдите на телевизијата му понудиле на новинарот Атанас Кировски да ги преземе неговите функции, објави денеска порталот „Либертас“. Кировски е недостапен за коментар, но неофицијално извори и за „Фокус“ потврдуваат дека паднал договор некогашниот уредник на весникот „Форум“ и долгогодишниот известувач за „Би-би-си“ од 1 јули да го преземе раководството со телевизијата.

Одговорната уредничка во информативната програма Емилија Лазаревска за „Фокус“ вели дека таа воопшто не била информирана за оваа одлука.

– Доколку е точно, многу сум изненадена од решението, бидејќи тој не работел до сега во „Телма“ и не ги знае приликите – коментира Лазаревска.

 

Поврзани новости