490
Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој вечерва беше уапсен, се сомничи за кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1 од Кривичниот законик, соопштија вечерва од Основното јавно обвинителство.
ОЈО побара одредување мерка притвор за Атанасовски, а пред неколку минути започна сослушувањето на осомниченото лице.
Неговото апсење доаѓа по вчерашното сведочење на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.