Иако од раните утрински часови, пожарникарите од Македонска Каменица и Кочани добија воздушна поддршка од еден полициски хеликоптер, поради засилениот ветар од пладневните часови, пожарот во селата Цера и Пресека повторно е надвор од целосна контрола, вели Димчо Атанасовски, градоначалникот на Кисела Вода.
-Куќите во Јангелковци кои беа загрозени вчера, се спасени. Но, поради се позасилениот ветер и непристапниот терен за делување од копно, сега постои реална опасност од ширење на пожарот кон маало Стамболии во село Цера.
ТППЕ Кочани наведуваат дека првично биле активни два одделни пожари. Едниот во село Пресека, а другиот во село Цера. Потоа, истите се спојуваат во еден пожар на доста широка територија и огнената стихија досега однела над 150 хектари висококвалитетна борова и дабова шума.
Од рано утрово на терен, покрај екипи на ТППЕ-Мак.Каменица, доброволци и локално население од село Цера, во акцијата за гасење на пожарот се вклучени Тппе Кочани, ДПД Кочани, ДПД САСИ Македонска Каменица, вработени во ЈП Национални Шуми и други екипи, а во текот на утрешниот ден се очекува да се вклучат и доброволци од институциите во Македонска Каменица, напиша градоначалникот на фејсбук.