Судијата Илија Трпков кој го судеше случајот “Плацевите на Водно” во којшто беше осуден екс премиерот Никола Груевски и случајот за “Организаторите на 27 април” ќе го води повтореното судење за масовното прислушување “Таргет – Тврдина”, потврдуваат за Фокус од Кривичен.
Случајот се враќа на повторно судење по одлуката на Апелациониот суд, на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој беше осуден на 12 години затвор, да му ја укине првостепената пресуда.
Тоа значи дека случајот нема да го судат судиите кои ја донесоа првата пресуда, бидејќи судијката Џанета Бегтовиќ е во друг оддел, а судијата Владимир Туфегџиќ стана адвокат.
Трпков го водеше и случајот “Ровер” во кој беше осуден Љубе Бошкоски.
За масовното прислушување Судскиот совет утврди дека Апелација без образложение го држела предметот нерешен и сега е на чекор да застари.