Аспазија Софијанова и официјално станува директорка на скопската Детска клиника

by Fokus

Аспазија Софијанова и официјално станува нова директорка на скопската Клиника за детски болести, дознава „Фокус“ од свои извори во министерството за здравство.

Според нашите информации, во текот на наредните денови нејзиното име и официјално ќе биде соопштено во јавноста.

Таа доаѓа на местото на доктор Наташа Најденовска- Алуловска, која раководеше една година со клиниката, додека две години пред неа беше доктор Катерина Ставриќ.

Софијанова не седнува за првпат на директорското столче. Таа беше прв човек на клиниката и до 2017 година во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости