По делумно преброени гласачки ливчиња на претседателските избори во САД, тамошните медиуми прават проекциите за тоа кој кандидат добил колку електорски гласови, во зависност од тоа во колку сојузни држави победил.
Според Си Ен Ен засега кандидатот на Демократската партија Џо Бајден освоил 118 електорски гласови, а републиканецот Доналд Трамп – 105. Демократскиот кандидат победи во Калифорнија, која носи најголем број електорски гласови – 55.
Според Асошејтед прес Бајден има 209, а Трамп 118. Според Фокс Бајден има 207, а Трамп 148 електорски гласови.
Во 48 од 50 држави важи правилото според кое кандидатот за кого во државата гласале мнозинство од гласачите, автоматски ги добива гласовите на сите електори во таа држава. Само во државите Мејн и Небраска, гласовите на електорите можат да се делат пропорционално меѓу кандидатите во зависност од добиените гласови. Вкупно има 538 електроски гласови, а за место во Белата куќа потребни се 270.
Експертите потенцираат дека се уште е рано за предвидување на крајниот резултат, со оглед на тоа дека се собираат податоци од различни места, односно и од вчерашните избори, гласањето по пошта, предвременото гласање.