АСО: Oдземењето на дозволата на „Еуростандард“ нема да влијае на осигурителните компании

by Fokus

Осигурителниот пазар останува стабилен и развојот на настаните околу Еуростандард банка нема да влијаат негативно врз ликвидноста и солвентноста врз работењето на осигурителните компании, велат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Од АСО посочија дека според последните податоци, вкупната актива на осигурителниот сектор изнесува 26,4 милијарди денари. Осигурителниот сектор го сочинуваат 16 друштва за осигурување, од кои 11 вршат работи на неживотно осигурување, а пет вршат работи на осигурување на живот. Само четири друштва за осигурување имаат парични средства и депозити во Еуростандард банка, а вкупната вредност изнесувала 31 милиони денари, што претставува 0,1 отсто од вкупната вредност на активата на осигурителниот сектор.

„Средствата кои осигурениците ги уплатиле по основ на премии во друштва за осигурување се вложени во инструменти и пласмани почитувајќи ги принципите на диверзификација и нивната вредност на 30.6.2020 година изнесува 14.742.452.987 денари. Во депозити во банки и парични средства на сметки во банки се наоѓаат 4.691.078.198 денари што е околу 32 проценти од вкупната вредност на сите вложувања кои друштвата за осигурување ги направиле од средствата на осигурениците. Од овој износ, во Еуростандард банка на 30.6.2020 се наоѓаат пласмани на две друштва за осигурување во вкупен износ од 24.446.041 денари, што претставува 0,5 отсто од вкупната вредност на вложувањата во депозити во банки“, соопшти АСО.

Поврзани новости